Вечер исполнета со спорт, хуманост и традиција во спортската сала Гемиџии! Во натпреварот меѓу КМФ Кеги Моби Велес и КМФ Осогово 2022, не се славеше само убедлива победа од 5:1, туку и човечноста што ја покажа целиот град.



Салата беше исполнета до последно место – бројка каква што не се памети во последните години во Велес. Публиката навиваше со жар, беше вистинскиот шести играч на теренот, и со своето присуство покажа што значи да се биде дел од спортска и хумана приказна.



Сите средства собрани од продажбата на карти и донации ќе бидат предадени на семејството од Којник, кое неодамна ја загуби својата куќа во пожар. Со тоа, Кеги Моби уште еднаш потврди дека е општествено одговорен клуб кој живее со својот град и за својот народ.
На полувремето, културно-уметничкото друштво „Коле Неделковски“ од Велес приреди вистинско шоу – настап со традиционален ритам, енергија и сценски сјај што ја освои салата. Во само 20 минути тие приредија спектакл кој публиката го награди со громогласен аплауз и кој ќе остане запаметен како еден од највпечатливите моменти на велешката сцена.










Со оваа победа, Кеги Моби е лидер на табелата во Првата македонска футсал лига! ПРВ.мк е единствениот портал во Македонија што нуди целосни и ажурни информации за сите натпревари, табели и статистики поврзани со македонскиот футсал.











НЕ ДОЗНАВАЈ ПОСЛЕДЕН - ЧИТАЈ ПРВ.МК
















