ПРВ.мк
Свет

Сенката на војната повторно над Газа – дали прекинот на огнот е само илузија?

Сенката на војната повторно над Газа – дали прекинот на огнот е само илузија?
Kristal

Портпаролот на палестинската милитантна организација Хамас, Хазем Касем, денеска остро реагираше на, како што ги нарече, континуираните израелски напади и уништувањето на станбени населби во Појасот Газа, оценувајќи дека тоа претставува директно прекршување на договорот за прекин на огнот.

Касем упати апел до меѓународните посредници да извршат итен притисок врз Израел „да ги запре убиствата, продолжената блокада, ограничувањето на хуманитарната помош и постојаното затворање на преминот Рафа“, пренесе саудискиот весник Ашарк ал-Авсат.

Според палестинската новинска агенција Вафа (WAFA), израелските сили и покрај договорот продолжуваат со нападите. Денеска биле погодени училиштето Ал-Ханса и околните населби во градот Абасан ал-Кабира, источно од Кан Јунис, како и плажата во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.

Палестинските извори предупредуваат дека овие постапки ја загрозуваат кршливата стабилност во регионот и можат целосно да го урнат процесот за мир и прекин на огнот.

Escape