ПРВ.мк
Македонија

Блокиран беше скопскиот аеродром: Два авиони пренасочени во Приштина, два и понатаму кружат над градот - ова се деталите

Блокиран беше скопскиот аеродром: Два авиони пренасочени во Приштина, два и понатаму кружат над градот - ова се деталите
Kristal

Силни налетии на јужен ветер денес предизвикаа сериозни потешкотии во авиосообраќајот над скопскиот регион, поради што дел од летовите не можеле безбедно да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, два патнички авиони биле пренасочени да слетаат во Приштина, додека уште два во моментот продолжуваат да кружат и да чекаат инструкции од контролата на летање.

Од службите за координација велат дека состојбата е внимателно следена и оти приоритет е безбедното слетување на сите летала. Одлуката за пренасочување кај дел од летовите била донесена поради проценка дека ветерот создава опасни услови за маневрирање при пристап и слетување.

Се очекува дополнително официјално соопштение од надлежните институции со повеќе детали за ситуацијата, како и за тоа дали ќе има одложувања или промени кај следните редовни летови.

Граѓаните и патниците се советуваат да ги следат известувањата од авиокомпаниите и од аеродромските служби.

Escape