ПРВ.мк
Македонија

ШУМСКА МАФИЈА РАЗОТКРИЕНА: Штетата надминува милион денари! - Ова се деталите

ШУМСКА МАФИЈА РАЗОТКРИЕНА: Штетата надминува милион денари! - Ова се деталите

Голема полициска акција на планината Караорман открила организирана група која нелегално сечела дрва и предизвикала огромна материјална штета.

Во координираната акција учествувале полицијата од Струга, шумската полиција и службите од „Јабланица“, при што била запленета дрвна маса вредна повеќе од 500.000 денари.

Според првичните информации, нелегалната сеча не оштетила само државни, туку и приватни шумски парцели. Надлежните проценуваат дека вкупната штета може да надмине еден милион денари.

Институциите најавија дека истрагата продолжува и во наредните денови ќе се спроведуваат дополнителни проверки за целосно расчистување на случајот и откривање на сите инволвирани лица.

Запленетите дрва ќе бидат одземени, а против осомничените ќе следуваат соодветни кривични пријави. Од надлежните порачаа дека нема да има заштитени и дека секој што учествувал во нелегалната сеча ќе одговара пред законот.