Вистинска драма се случува во Качарево кај Панчево, откако 12-годишно девојче исчезнало без трага во текот на ноќта, а семејството и полицијата интензивно трагаат по неа.
Според информациите од блиските, девојчето последен пат било видено во семејната куќа доцна вечерта. Таа им посакала „лаку ноќ“ на тетката и бабата, а потоа мистериозно исчезнала. Од тој момент никој не знае каде се наоѓа.
Семејството веднаш алармирало полиција, а апели за помош масовно се шират на социјалните мрежи. Роднините велат дека добиле одредени информации кои би можеле да помогнат во потрагата и се надеваат дека девојчето ќе биде пронајдено што е можно побрзо.
Според описот, исчезнатото девојче е високо околу 155 сантиметри, слабо е, има црна коса, а во моментот на исчезнувањето носело црна маица, црни фармерки и „Најк“ папучи, како и сино-виолетов ранец.
Тетката која се грижи за неа изјавила дека девојчето имало тежок живот и дека мајката ја напуштила кога имала само шест години.
Полицијата ги повика сите кои имаат било каква информација веднаш да се јават и да помогнат во потрагата.







