Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки донела одлука за поништување на постапката за набавка на електрични автобуси и полначи.
Од таму наведуваат дека постапката ќе биде повторно објавена во најкраток можен рок, согласно законските процедури.
Јавниот повик, кој беше објавен на 27 февруари, предвидуваше набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.
Претходно, по евалуацијата на понудите, беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и австриската „ЕВН“, при што „Икарус“ требаше да ги испорача автобусите, а „ЕВН“ да ги обезбеди полначите.
Со новата одлука, целата постапка ќе се спроведе од почеток.









