ПРВ.мк
Македонија

Шокантни бројки од тестирањето: Камерите во Скопје и на автопатите „фатиле“ милиони прекршоци – од јануари стартуваат жестоки казни

Шокантни бројки од тестирањето: Камерите во Скопје и на автопатите „фатиле“ милиони прекршоци – од јануари стартуваат жестоки казни

Новите сообраќајни камери во Скопје, Тетово и на автопатите кон Гевгелија и Тетово уште во тест фазата регистрираат застрашувачки број на прекршоци. Според неофицијални податоци, дневно се снимаат и по 100.000 случаи на брзо возење, погрешно престројување и минување на црвено светло. Тоа значи над 3 милиони прекршоци за еден месец.

Системот официјално ќе почне да функционира од 1 јануари 2026, кога ќе стартува и казнувањето. Министерството за внатрешни работи потврдува дека бројките се огромни, иако сè уште не објавува точни податоци.

Во 2024 година во Македонија во сообраќајни несреќи загинале 142 лица. Искуствата од други земји покажуваат дека по пуштањето на камерите бројот на прекршоци значително опаѓа во рок од само шест месеци, откако возачите ќе сфатат дека државата навистина казнува.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави драстично зголемување на санкциите – покрај парични, ќе има и затворски казни и трајно одземање на возилата со кои се направени кривични дела.

Проектот „Безбеден град“ треба постепено да ја опфати целата држава. Најпрво ќе биде активен во Скопје, Тетово и Куманово, а до средината на 2026 година ќе се прошири на сите патишта и коридори.

Официјалниот старт на системот е за помалку од четири месеци – а тогаш секој прекршок ќе има последици.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape