Во Куманово е откриен неверојатен случај на злоупотреба на службена должност, откако матичар од селото Слупчане, општина Липково, бил пријавен дека регистрирал непостоечки брак меѓу две странски лица – едно од Албанија и едно од Унгарија.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 65-годишниот И.З., кој се сомничи за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според истрагата, во текот на 2023 година, осомничениот, во својство на службено лице – матичар, извршил лажен упис на брак во матичната книга на венчани, иако таков брак никогаш не бил склучен.
При увид во книгата на пописни акти за 2023 година, било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод од матична книга на венчани за споменатите лица, со што било потврдено дека се работи за фалсификуван документ.
Целиот случај е доставен до надлежното обвинителство, кое ќе ја води понатамошната постапка против осомничениот матичар.