ПРВ.мк
Македонија

ШЕСТ ОБЈАВИ ГО ОДНЕСОА ДО КРИВИЧНА: Маж осомничен за ширење омраза и повици на насилство на социјалните мрежи!

ШЕСТ ОБЈАВИ ГО ОДНЕСОА ДО КРИВИЧНА: Маж осомничен за ширење омраза и повици на насилство на социјалните мрежи!

55-годишен жител на Кочани се соочува со кривична пријава откако, според полицијата, преку социјалните мрежи објавувал содржини со кои поттикнувал омраза и насилство.

Од СВР Штип информираа дека против В.Б. (55) од Кочани е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Според полициските информации, во текот на мај, јуни и јули 2026 година, осомничениот преку два свои профили на социјална мрежа објавил вкупно шест коментари на четири различни објави.

Истрагата утврдила дека со тие коментари, според сомневањата на надлежните, промовирал и поттикнувал омраза и насилство, поради што против него е поведена кривична постапка.

Случајот е документиран од полицијата, а за понатамошната постапка ќе одлучуваат надлежните правосудни органи.