ПРВ.мк
Македонија

Семејното насилство повторно во полицискиот билтен: приведени повеќе лица низ државата

Семејното насилство повторно во полицискиот билтен: приведени повеќе лица низ државата

Во изминатото деноноќие полицијата интервенирала во повеќе случаи поврзани со семејно насилство на територијата на државата, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Велес, полициски службеници лишиле од слобода 36-годишен маж, по пријава дека ѝ се заканувал на својата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде престојувала. Според пријавеното, сличен инцидент се случил и неколку дена претходно. За случајот биле известени јавен обвинител и социјален работник.

Во Охрид било пријавено дека лице било агресивно кон членови на своето семејство во семејниот дом. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Тетово, полицијата лишила од слобода 39-годишен маж од општина Боговиње, откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во нивниот стан. Тој бил задржан во полициска станица.

Во Свети Николе, пак, 27-годишен маж бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата мајка во домот.

Од МВР посочуваат дека по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.