ПРВ.мк
Свет

Нова драма на Медитеранот - запленети 22 бродови што се движеле кон Газа

Нова драма на Медитеранот - запленети 22 бродови што се движеле кон Газа

Над 100 пропалестински активисти денеска беа префрлени на грчкиот остров Крит откако израелските сили запленија дел од хуманитарната флота што пловела кон Газа, соопштија организаторите на мисијата.

Станува збор за втората флотила „Глобал Сумуд“, која во изминатите месеци се обидува да ја пробие израелската блокада и да достави хуманитарна помош во Појасот Газа. Бродовите испловиле од Барселона на 12 април.

Според организаторите, израелските сили заплениле 22 бродови во меѓународни води во близина на грчкиот полуостров Пелопонез. Потоа 168 членови на флотилата биле префрлени на грчки бродови и транспортирани до брегот на Крит.

Организаторите тврдат дека уште 47 бродови продолжуваат да пловат јужно од Крит и планираат да продолжат кон Газа. Секој од бродовите, според нив, носи храна, медицинска опрема и друга хуманитарна помош.

Министерство за надворешни работи на Израел ги нарече организаторите „професионални провокатори“, додека Стејт департмент предупреди дека може да има последици за оние кои ја поддржуваат флотилата.

Во меѓувреме, хуманитарните организации продолжуваат да предупредуваат дека состојбата во Газа останува критична, а милиони луѓе и понатаму зависат од ограничена помош и привремени засолништа.