ПРВ.мк
Македонија

СЕМЕЈНА НЕСРЕЌА: Чичко со автомобил ненамерно му ја прегазил ногата на внукот!

СЕМЕЈНА НЕСРЕЌА: Чичко со автомобил ненамерно му ја прегазил ногата на внукот!

Несекојдневен несреќен случај се случил во Тетово, откако 27-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди кога неговиот чичко ненамерно го прегазил со автомобил додека маневрирал во дворот од семејниот дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 26 јули околу 20:30 часот во СВР Тетово, откако од Клиничкиот центар Тетово било известено дека кај нив е донесено повредено лице.

Станува збор за М.З. (27) од Тетово, кој при разговор со полициски службеници објаснил дека несреќата се случила околу 19:00 часот во дворот од нивниот дом.

Според неговиот исказ, неговиот чичко С.З. (61) од Тетово, додека управувал патничко возило и се движел наназад, ненамерно му ја прегазил ногата.

Од ударот, 27-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во медицинска установа каде му била укажана помош.

Повредениот пред полицијата изјавил дека не станува збор за намерен чин, туку за несреќен случај, поради што побарал да не биде поднесена пријава против неговиот чичко.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а надлежните продолжуваат со постапување за целосно документирање на случајот.