Општина Кавадарци, во соработка со Ансамблот „Стефче Стојковски“, д-р Перо Пењушков (долгогодишен член на овој ансамбл) и Ансамблот „Тиквеш“ при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, информира дека во тек е снимањето на нова музичка емисија целосно посветена на македонската изворна музика.
Во рамките на овој значаен проект ќе се изведуваат традиционални македонски песни, со цел нивна афирмација, трајно зачувување и приближување до пошироката јавност. Она што го прави проектот уште поексклузивен е тоа што снимањето се реализира исклучиво на културни објекти и локации со посебно културно и историско значење во регионот.
целиот настан и визуелно го документира националниот сервис МРТВ (Македонска радио-телевизија), која е задолжена за снимањето и идното емитување на оваа културна иницијатива.
– Општина Кавадарци останува силно посветена на поддршката на културните активности кои го негуваат македонското музичко наследство и традиција. Македонската изворна песна е живо наследство што се пренесува и чува за идните генерации – порачуваат од локалната самоуправа.





