ПРВ.мк
Македонија

СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР објави предупредување, еве што нè очекува!

СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР објави предупредување, еве што нè очекува!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за врнежи од дожд кои во текот на ноќта и утре, вторник (3 ноември), локално ќе бидат пообилни.

Според прогнозата, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе надминат 25 литри на квадратен метар.

Кон крајот на денот врнежите постепено ќе престануваат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 14 степени.

Какво време се очекува во Скопје?

Во главниот град ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Ќе дува северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

Од среда стабилизација, за викендот температури под нулата

Од среда се очекува стабилизирање на временските услови. Во наредните денови времето ќе биде претежно суво, со променлива облачност и можност за утринска магла во одделни котлини.

Од петок облачноста ќе се намалува, а за време на викендот се очекуваат постудени утра.

Според УХМР, минималните температури на одредени места ќе се спуштат и под нула степени.

Метеоалармот се однесува на врнежите во текот на ноќта и во вторник, со можност за локално пообилни количества дожд.

Најнови вести