ПРВ.мк
Македонија

САНАЦИЈА НА УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО КАВАДАРЦИ: Се санираат коловозите на повеќе клучни улици во градот

САНАЦИЈА НА УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО КАВАДАРЦИ: Се санираат коловозите на повеќе клучни улици во градот

Општина Кавадарци продолжува со тековните активности за подобрување на патна инфраструктура и санација на оштетувањата на коловозите низ повеќе градски сообраќајници.

Како што informираат од општинските служби, деновиве интензивно се работеше на крпење и санирање на ударните дупки на следниве локации:

  • „Димче Чекоров“
  • „Ферчо Поп Ѓорѓиев“
  • „Беласица“ (на две локации)
  • „Иво Лола Рибар“
  • „Киро Спанџов“
  • „Тошо Велков Пепето“
  • „Лазо Мицев“

Со реализацијата на овие градежни активности значително се подобрува состојбата на коловозите, а главната цел е да се обезбедат побезбедни, порамнети и поудобни услови за движење на сите учесници во сообраќајот – како за возачите, така и за пешаците.

Од општината најавуваат дека активностите за одржување и санација на сообраќајната мрежа ќе продолжат и во наредниот период согласно предвидениот план за работа.

Најнови вести