ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА РОДЕНДЕНСКА ЖУРКА ВО КАВАДАРЦИ: Мими и Сале вечерва пристигнуваат на градскиот плоштад!

ГОЛЕМА РОДЕНДЕНСКА ЖУРКА ВО КАВАДАРЦИ: Мими и Сале вечерва пристигнуваат на градскиот плоштад!

Во рамките на програмата за „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи еден поинаков, весел и посебен настан посветен на најмладите, но и на сите љубители на добрата забава.

Омилените Мими и Сале подготвуваат вистинско роденденско шоу исполнето со многу музика, танцување, смеа и бројни изненадувања за присутните.

  • Локација: Градски плоштад – Кавадарци
  • Време: 20:00 часот
  • Манифестација: Кавадаречко културно лето 2026

Организаторите ги повикуваат сите граѓани и дечиња да не ја пропуштаат оваа незаборавна забава и заедно да го прослават роденденот на Мими и Сале.