Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја оствари првата официјална средба со новоименуваната постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на меѓусебната соработка и за реализација на идни заеднички иницијативи. Во фокусот на разговорите беа младите, понатамошниот развој на младинските центри, како и креирањето нови можности за нивно поактивно учество во општествениот живот.
По посебен акцент беа ставени проектите кои имаат за цел да го поттикнат личниот и професионалниот развој на младите луѓе, со што ќе им се овозможи простор за нивните идеи и иницијативи кои директно придонесуваат кон градење на современа и инклузивна локална заедница.
„Оваа средба претставува важен чекор кон идно заедничко дејствување и отворање нови можности за проекти со конкретен придонес за младите и за целата заедница. Ова е само почеток на нова соработка со јасна визија – повеќе можности, нови идеи и заедничка работа за подобра иднина на Кавадарци“, истакнаа од Општина Кавадарци.





