Четириесетгодишен маж од Делчевско бил приведен откако полицијата добила пријава за семејно насилство во домот во едно од селата во регионот.
Според пријавеното, А.З. во текот на денот агресивно се однесувал кон својата 59-годишна мајка, при што повеќепати физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.
Ситуацијата дополнително ескалирала кога, според пријавата, тој ја заклучил мајка му во една од собите во семејниот дом.
Полициските службеници веднаш презеле мерки и го привеле 40-годишниот маж. При постапувањето било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, а алкотестирањето покажало 3,08 промили алкохол во крвта.
А.З. бил задржан во полициска станица, додека надлежните продолжуваат со расчистување и целосно документирање на случајот.
По завршувањето на постапката, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








