ПРВ.мк
Македонија

Сакал без дозвола да изнесе културно наследство од Македонија: Кривична за 37-годишен Канаѓанец

Сакал без дозвола да изнесе културно наследство од Македонија: Кривична за 37-годишен Канаѓанец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 37-годишниот Џ.А.С., државјанин на Канада, поради сомнение дека противправно набавил и присвоил фрагмент од камен песочник кој претставува културно наследство и имал намера да го изнесе од Македонија без потребната дозвола.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, против него постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Според пријавата, случајот се случил на 28 август 2026 година, кога канадскиот државјанин противправно го набавил и присвоил фрагментот од камен песочник.

Од МВР наведуваат дека осомничениот имал намера предметот да го изнесе од државата без дозвола од надлежен орган.

По документирањето на случајот, СВР Куманово поднело кривична пријава против 37-годишниот канадски државјанин.