ПРВ.мк
Македонија

РУДАРИ ЗАРОБЕНИ ЦЕЛА НОЌ: Сè уште нема решение за нивно извлекување!

РУДАРИ ЗАРОБЕНИ ЦЕЛА НОЌ: Сè уште нема решение за нивно извлекување!

Во окната на рудникот „Трепча Југ“ се заробени 18 рудари поради проблеми со електричната енергија. Претседателот на синдикатот, Ибрахим Јонузи, изјави дека засега состојбата на рударите кои се наоѓаат во окното е добра, но дека би можела да се влоши доколку останат подолго внатре, пренесува „Коха“.

Цела ноќ во рудникот

Директорот на рудникот „Стари Трг“, Шиќири Садику, потврди дека рударите се заробени од 01:30 часот по полноќ.

„Поголемиот дел излегоа. Во моментов уште 18 рудари се внатре, но работиме на пронаоѓање алтернативно решение. Вкупно беа внатре педесет рудари“, изјави Садику.

Тој додаде дека здравствената состојба на заробените рудари во моментов е стабилна. Со рудникот „Трепча Југ“ управуваат привремените институции во Приштина, а рудникот постојано се соочува со бројни проблеми, поради што вработените честопати се во штрајк.