ПРВ.мк
Балкан

СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТЕВ АЛАРМ: Во замрзнато овошје пронајден вирус на хепатит А!

СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТЕВ АЛАРМ: Во замрзнато овошје пронајден вирус на хепатит А!

Германија повлече од продажба замрзната мешавина од бобинки поради сомнеж за присуство на вирус на хепатитис А, според податоците објавени преку Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF), каде ризикот за потрошувачите е означен како сериозен.

Според објавените информации, станува збор за замрзната мешавина од меко овошје со различно потекло, во која се пронајдени малини и капини од Србија, како и јагоди, црвени и црни рибизли и диви боровинки од Полска. Пратката била повлечена од германскиот пазар како мерка на претпазливост по добиеното предупредување.

Српското Министерство за земјоделство соопштило дека спорната пратка е произведена од компанијата „Фриго-Паун“ од Пожега, а случајот е предмет на понатамошни проверки и анализа.

Ова не е прв ваков случај, бидејќи германските власти и претходно откривале присуство на хепатитис А кај замрзнати малини од Србија, што повторно ја отвора темата за контрола на хигиенските стандарди во производството и извозот на храна.

Експертите посочуваат дека хепатитис А е вирус кој најчесто се пренесува преку контаминирана храна или вода и предизвикува инфекција на црниот дроб. Станува збор за т.н. болест на „валкани раце“, што значи дека хигиената во процесот на производство и ракување со храната игра клучна улога во спречување на ширењето.

Инфекцијата обично се манифестира неколку недели по изложеноста, а симптомите можат да вклучуваат замор, гадење, болки во стомакот, покачена температура, темна урина и пожолтување на кожата и очите. Иако во повеќето случаи не остава трајни последици, болеста може да биде сериозна, особено кај ранливи групи.

Поради ваквите наоди, европските институции продолжуваат со засилени контроли на замрзнатото овошје и производите од бобинки, особено оние кои доаѓаат од повеќе земји и се комбинирани во една мешавина.