ПРВ.мк
Македонија

Модернизација на Северен Булевар: Во тек е изградбата на новото сообраќајно решение!

Модернизација на Северен Булевар: Во тек е изградбата на новото сообраќајно решение!

Со почетокот на градежните работи и теренското расчистување на трасата, започнува реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект за нашиот град. Изградбата на новиот кружен тек е стратешка инвестиција која ќе овозможи:

  • Поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и подобро уредување на движењето.
  • Побрз и поефикасен проток на возила, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж.
  • Подобра функционална поврзаност на патната мрежа во овој дел од градот.

Овој проект е дел од континуираните заложби за изградба на современа инфраструктура и обезбедување подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните. Преку реализација на вакви конкретни зафати, продолжуваме со изградбата на модерен и функционален град.