ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Петгодишно дете падна од балкон, итно пренесено на скопските клиники!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Петгодишно дете падна од балкон, итно пренесено на скопските клиники!

Тежок инцидент се случил вчера во Гостивар, каде петгодишно дете било повредено по пад од балкон во семејна куќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Гостивар околу 19:00 часот, откако од Ургентниот центар било известено за повреденото дете.

По укажаната прва медицинска помош, поради сериозноста на повредите, детето било префрлено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде продолжува лекувањето и се следи неговата здравствена состојба.

На местото на несреќата увид извршила полициска екипа од Гостивар, која ги утврдува сите околности под кои дошло до падот.

Настанот предизвика вознемиреност кај жителите, а ваквите случаи повторно ја отвораат темата за безбедноста на децата во домовите и потребата од дополнителна внимателност, особено кога станува