ПРВ.мк
Македонија

ПУКАЛ ВО ДВОР, СЕ СНИМАЛ И СЕ ФАЛЕЛ: Маж заработи кривична пријава!

ПУКАЛ ВО ДВОР, СЕ СНИМАЛ И СЕ ФАЛЕЛ: Маж заработи кривична пријава!

Жител на општина Чашка доби кривична пријава откако на социјалните мрежи објавил видео во кое пука со огнено оружје во сопствениот двор.

Станува збор за 58-годишник против кого полицијата од Велес поднесе пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На снимката, која сам ја објавил, се гледа како испукува куршуми во воздух, со што сериозно ја загрозува безбедноста на околината.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство, информираат од МВР.

Најнови вести