ПРВ.мк
Македонија

Првиот ден од „Безбеден град“: Над 600 прекршоци и 101 забрана за возење

Првиот ден од „Безбеден град“: Над 600 прекршоци и 101 забрана за возење
Kristal

Системот „Безбеден град“ официјално започна со изрекување казни, а уште првиот ден донесе сериозни резултати. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на еден ден биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило, како последица на прекршоците регистрирани од камерите.

Според податоците од МВР, системот евидентирал голем број сообраќајни прекршоци, при што најчести биле минување на црвено светло и возење со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло биле забележани 64 прекршоци, од кои најголем дел во Скопје, додека значителен број биле регистрирани и во Куманово и Тетово.

Покрај тоа, камерите детектирале вкупно 582 случаи на пречекорување на брзината. Најмногу вакви прекршоци повторно се евидентирани на подрачјето на Скопје, но и во Тетово, Куманово, како и на главните сообраќајни коридори низ државата.

Врз основа на овие прекршоци, МВР донело 101 мерка забрана за управување моторно возило, што јасно укажува дека системот „Безбеден град“ ќе се применува строго и без исклучоци, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo