ПРВ.мк
Македонија

Првични резултати: ВМРО-ДПМНЕ води убедливо во речиси сите општини

Првични резултати: ВМРО-ДПМНЕ води убедливо во речиси сите општини

Пристигнуваат нови првични податоци од гласањето на локалните избори, а резултатите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ во речиси сите општини.

Во Струмица, владејачката партија добила 1.164 гласа, додека СДСМ само 659. Во скопски Аеродром, разликата е уште поголема – ВМРО-ДПМНЕ 2.394, СДСМ 817.

Во Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ има 1.744, а СДСМ 576. Во Делчево резултатот е речиси пет спрема еден: 1.055 спрема 290. Во Радовиш, ВМРО-ДПМНЕ води со 2.637, СДСМ има 932.

Најголеми разлики се забележуваат во Петровец (1.402 спрема 212) и Илинден (2.202 спрема 249). Во Велес, ВМРО-ДПМНЕ е убедливо водечка со 6.266 гласа, додека СДСМ има 1.306. Во Пробиштип, резултатот е 421 спрема 258 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие првични податоци укажуваат на силно водство на владејачката партија, додека резултатите за СДСМ покажуваат значително заостанување во речиси сите општини.

Escape