ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА ВОЗНЕМИРУВАЧКА ВЕСТ ОД СОСЕДСТВОТО: Македонски автобус излетал од автопат!

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА ВОЗНЕМИРУВАЧКА ВЕСТ ОД СОСЕДСТВОТО: Македонски автобус излетал од автопат!
Kristal

Синоќа на автопат во Србија се случил сериозен сообраќаен инцидент во кој автобус со македонски регистарски таблички излетал од коловозот кај местото Добановци. Настанот предизвика вознемиреност, а засега нема официјални информации за здравствената состојба на патниците и возачот.

Според пишувањата на српските медиуми, несреќата се случила на делница од автопатот во правец кон градот, при што автобусот, според првичните сознанија, целосно ја напуштил коловозната лента. Причините за излетувањето сè уште не се официјално потврдени.

Во моментите по несреќата, на местото застанал возач на друг автобус со цел да укаже помош, додека надлежните служби биле известени и се очекува нивно официјално соопштение со повеќе детали за настанот.

Инцидентот се случил во услови на значително влошени временски прилики. Од вчера речиси цела територија на Србија е зафатена од снежни врнежи. Јавното претпријатие „Путеви Србије“, повикувајќи се на извештај од Штабот за зимска служба, соопшти дека на голем број патни правци од прв, втор и трет приоритет има снежна покривка со дебелина до пет сантиметри, а коловозите се влажни и лизгави.

Надлежните служби упатуваат апел до сите возачи за зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на условите на патот, особено на автопатските делници и во зимски услови, со цел да се избегнат вакви и слични несреќи.

ВИДЕО

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape