ПРВ.мк
Македонија

ПРИСТИГНА УБАВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства!

ПРИСТИГНА УБАВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства!

Компанијата КАМ објави дека годинава ќе исплати рекорден регрес во висина од 52.000 денари за своите вработени, продолжувајќи ја својата практика на вложување во подобри услови за работа и наградување на трудот и посветеноста на својот тим.

Од компанијата посочуваат дека оваа одлука е дел од долгорочната стратегија насочена кон создавање квалитетна работна средина, во која секој вработен се чувствува ценет, мотивиран и поддржан.

„Со задоволство информираме дека оваа година на вработените во КАМ ќе им биде исплатен рекорден регрес од 52.000 денари. Оваа одлука е дел од нашата континуирана практика за подобрување на условите за работа и за вреднување на трудот и придонесот на вработените“, соопштуваат од компанијата.

Во соопштението се нагласува дека КАМ останува посветен на градење организациска култура во која луѓето се најважниот капитал и двигател на успехот.

„Нашата цел е да создадеме работна средина во која секој член на тимот ќе биде поддржан, почитуван и мотивиран да го даде својот максимум. Со исплатата на рекорден регрес уште еднаш покажуваме колку ги цениме луѓето кои се дел од нашиот систем и нивниот секојдневен придонес“, истакнуваат од компанијата.

Од КАМ упатија искрена благодарност до сите свои вработени за професионалноста, посветеноста и ангажманот што го покажале во текот на изминатата година, оценувајќи дека токму нивниот труд е една од главните причини за успешното работење и континуираниот развој на компанијата.

Исплатата на регрес во износ од 52.000 денари претставува највисока досега што КАМ ја доделува на своите вработени, а со ова компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да инвестира во својот кадар, да ги препознава резултатите и да го наградува вложениот труд.

Најнови вести