ПРВ.мк
Македонија

Пристигна убава вест: Еве која банка започнува со исплата на пензиите уште денес!

Пристигна убава вест: Еве која банка започнува со исплата на пензиите уште денес!
Kristal

Од денеска, петок, 31 октомври, Комерцијална банка официјално започнува со исплата на октомвриските пензии, соопштија од банката преку објава на нивниот официјален профил на Фејсбук.

Сите пензионери кои користат дебитна картичка, своите пари ќе можат да ги користат уште денес, веднаш по уплатата. Тоа значи дека средствата ќе им бидат достапни за подигање на банкомат или за безготовинско плаќање во продавници и онлајн.

Од банката ги охрабруваат пензионерите да ја користат картичката безбедно и удобно, особено за плаќање без готовина, но и за подигнување пари од банкоматите на Комерцијална банка доколку имаат потреба од готовина.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, пензијата може да се подигне од денес, 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден во филијалите и експозитурите на банката низ целата држава.

Ова е радосна вест за сите пензионери, бидејќи исплатата започнува навреме, овозможувајќи им полесно и побезбедно располагање со нивните средства пред викендот.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK