ПРВ.мк
Македонија

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ДЕНОТ КОГА СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА: Жените мора да направат едно нешто, а ова е строго забрането!

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ДЕНОТ КОГА СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА: Жените мора да направат едно нешто, а ова е строго забрането!

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на преподобната Мајка Параскева, позната како Света Петка – една од најпочитуваните светици меѓу народот.

Се верува дека Света Петка им помага на болните, сиромашните и сите кои искрено ѝ се молат. На овој ден луѓето и се обраќаат со молитви за здравје, спас од маки и заштита од несреќи.

Празникот особено го почитуваат жените. Според народното верување, на денешен ден жените не треба да месат, готват, перат, шијат или да извршуваат каква било домашна работа – за да не го навлечат гневот на светицата и за да владее мир и благосостојба во домот.

Во многу региони е обичај мајките и ќерките, сестрите или пријателките да одат заедно во црква или манастир посветен на Света Петка, каде што има извори со лековита вода. Луѓето ја земаат оваа вода со верување дека лечи болести и носи духовен мир.

Постои и стар народен обичај – младите девојки да изедат парче колач и да ги чуваат трошките под перница за во сонот да го видат својот иден сопруг.

Во некои краеви се верува дека девојките треба да наберат свежо цвеќе и да го украсат домот за да има хармонија и љубов во текот на целата година.

Според преданијата, Света Петка се појавува кај оние што ќе ја повикаат за помош – најчесто преку соништа, а нејзиното присуство секогаш го најавува избавувањето од неволја.

Escape