ПРВ.мк
Македонија

Пожарот кај Пинтија изгаснат благодарение на брза интервенција на 8 пожарникарски возила!

Пожарот кај Пинтија изгаснат благодарение на брза интервенција на 8 пожарникарски возила!

Рано утринава, околу 4 часот, во близина на населбата Пинтија во општина Кисела Вода, избувна силен пожар во авто-сервис, при што беа опфатени повеќе возила, масло и други запаливи материјали. Според Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот бил успешно изгаснат пред 6 часот, по интензивна интервенција на противпожарната бригада на Град Скопје.

На терен веднаш излегле осум пожарникарски возила, кои два часа се бореле со огнот за да спречат проширување на пламените јазици кон блиските објекти.

„Се работеше за тежок пожар поради присуството на запаливи течности и возила во сервисот, но навремената интервенција спречи поголема катастрофа“, соопштија од ДЗС.

Особено значајна била реакцијата на новинарката Енџи Николоска, која прва го пријавила пожарот откако слушнала силно пукање и видела пламени јазици над сервисот во делот наречен Каменик.

„Веднаш повикав служби. За кратко пристигнаа пожарникарите, полицијата, Брза помош, па дури и градоначалникот Ѓорѓиевски. За среќа, нема повредени, само материјална штета“, изјави Николоска за МИА.

Инцидентот заврши без човечки жртви, а надлежните најавија увид за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Escape