Две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци утрово се опожарени, потврдија од Противпожарната служба за МИА. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но навремената интервенција спречила ширење на огнот на соседните објекти.
– „Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со три противпожарни возила и девет пожарникари“, соопштија од ТППЕ Кавадарци.
Пожарот е ставен под контрола, но пожарникарите остануваат на терен за да ја следат состојбата и да спречат повторно активирање на огнот.

















