ПРВ.мк
Македонија

ПАДНА ПОЛИЦИЈАКА: Го информирала братот за тајна полициска операција - еве што прекажала!

ПАДНА ПОЛИЦИЈАКА: Го информирала братот за тајна полициска операција - еве што прекажала!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ според член 360 од Кривичниот законик.

В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со лице на бројот кој го користи нејзиниот брат. Во разговорот, таа го информирала дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и спроведени во рамките на оперативна акција.

Со ова дејствие, кое може да има штетни последици за службата, В.М. се товари за кривичното дело „оддавање службена тајна“. Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување на дисциплинска постапка против неа.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo