Вчера, на 21 јануари 2026 година, во СВР Скопје, Е.Б. (36) од Скопје пријавила дека нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат околу 12:30 часот на автобуска постојка во општина Аеродром.
Според пријавата, непознат маж го турнал малолетникот во багажниот простор на своето возило и барал да му каже кој фрлал снежни топки по неговото возило. Исто така, мажот физички го нападнал и другарот на малолетникот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

















