ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ЛАЖНА ПОРАКА „СЕЈФ СИТИ“: Жена измамена за речиси 30.000 денари!

(ФОТО) ЛАЖНА ПОРАКА „СЕЈФ СИТИ“: Жена измамена за речиси 30.000 денари!
Kristal

На 21 јануари 2026 година, во ОВР Кавадарци била пријавена измама во која 43-годишна жителка на Кавадарци била оштетена за 29.930 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 20 јануари таа на својата електронска адреса добила лажна порака испратена во име на Одделот за моторни возила при МВР, со известување за наводен сообраќаен прекршок и инструкции за електронско плаќање на казна. Следејќи ги насоките, жената се регистрирала на посочената интернет-страница и ги оставила своите лични податоци.

Подоцна, таа добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на средства, по што сфатила дека станува збор за измама.

Од МВР нагласуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не ги доставуваат своите лични и банкарски податоци преку сомнителни пораки или линкови.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo