Пожар избувна денеска околу 13:45 часот во близина на автобуската станица во Велес, по што на терен веднаш интервенираше Територијалната противпожарна единица.
Според информациите од велешките пожарникари, на местото биле испратени едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето било утврдено дека гори сува трева меѓу патот и паркингот.
Поради ширењето на огнот, минимално биле оштетени шест паркирани возила. Благодарение на брзата интервенција, пожарникарите успеале навреме да го локализираат пожарот и да спречат пламенот да предизвика поголема материјална штета.
Од Територијалната противпожарна единица повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор, особено во период на високи температури, бидејќи и најмалата искра може да предизвика сериозен пожар.
Доколку граѓаните забележат пожар, надлежните апелираат веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.







