Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и Ресавска улица во Белград, при што тешко е повреден 53-годишен мотоциклист.
Според информациите од Градското сообраќајно претпријатие, несреќата се случила околу 22:45 часот, кога трамвај при свртување од Булеварот кон Ресавска улица бил удрен од мотоцикл кој се движел во правец кон Вуковиот споменик.
Од силината на ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и ги утврдува сите околности под кои дошло до судирот.
По инцидентот, од Градското сообраќајно претпријатие упатија апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите на мотоцикли и други двотркала, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни во зоните каде што сообраќаат трамваи.








