ПРВ.мк
Македонија

Полициска акција низ Македонија: Осум возачи завршија во полициска станица, меѓу нив и 17-годишник!

Полициска акција низ Македонија: Осум возачи завршија во полициска станица, меѓу нив и 17-годишник!

Во изминатите 24 часа полицијата на повеќе локации низ државата лишила од слобода осум возачи, поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од приведените, пет лица управувале возила без да имаат положено возачки испит.

Станува збор за Б.Р. (55) од селото Сарај, Скопско, М.С. (29) од Петровец, И.М. (51) од Ранковце, Е.Е. (19) од Десово, Прилепско, како и 17-годишник од Бузалково, Велешко.

Според полициските информации, малолетникот управувал мотоцикл, при што удрил во тригодишно дете.

Покрај нив, полицијата лишила од слобода и двајца возачи кои имале активна забрана за управување со возило од Б категорија.

Приведени се Д.Б. (37) од Куманово и Б.С. (54) од Богданци. Кај вториот случај, покрај тоа што имал забрана за управување, било утврдено и дека возел под дејство на алкохол.

Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од селото Дулица, Општина Македонска Каменица, поради управување возило под дејство на алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против лицата.