ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Претреси во овој македонски град – има уапсени!

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Претреси во овој македонски град – има уапсени!
Kristal

На 2 февруари 2026 година, во раните утрински часови, полициски службеници од СВР Битола извршија претреси и лишија од слобода две лица поради пронајдена дрога.

Во 02:00 часот на улицата „Партизанска“, 18-годишната М.Р. од Битола била приведена откако кај неа била пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во нејзиниот дом, при што била одземена и марихуана.

Почетокот на претресите започнал во 01:05 часот на улицата „Илинденска“, каде 40-годишниот О.Н. од Битола бил лишен од слобода. При претресот во неговиот дом, извршен по наредба на судот, биле пронајдени и одземени грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од дрога, дигитални ваги и други предмети поврзани со недозволени супстанции.

По целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo