ПРВ.мк

Полицијата уапси кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта

Полицијата уапси кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта
Jumbo Banner

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран