ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: 18 возачи уапсени - пијани, без дозвола и со забрана за возење!

ПОЛИЦИЈАТА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: 18 возачи уапсени - пијани, без дозвола и со забрана за возење!

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата низ државата лишила од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со возила, при што најголем дел од нив возеле без возачка дозвола.

Според информациите од МВР, дури 16 лица биле фатени зад волан без положен возачки испит, додека двајца управувале возило и покрај активна забрана за возење.

Најмногу прекршоци биле регистрирани во Скопје, каде биле приведени осум возачи, меѓу кои и двајца малолетници. Тројца возачи биле лишени од слобода во Гевгелија, двајца во Кичево, а по еден во Тетово, Радовиш и Дебар.

При контролите, кај еден од возачите во Скопје била пронајдена марихуана, додека кај возач во Тетово биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а упатија и апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или за време на важечка забрана за возење.