ПРВ.мк
Македонија

Полесен пристап до црквата „Св. Ѓорѓија“ во Дабниште: Се санираше патот во должина од еден километар!

Полесен пристап до црквата „Св. Ѓорѓија“ во Дабниште: Се санираше патот во должина од еден километар!

Општина Кавадарци и компанијата „Кожувчанка“ реализираа проект за подобрување на патната инфраструктура по барање на Месната заедница.

Општина Кавадарци продолжува со активно подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. По барање на Месната заедница Дабниште, успешно е реализирано тампонирање на патот кој води до црквата „Св. Ѓорѓија“, со што значително се олеснува и подобрува пристапот до ова свето место за сите верници и посетители.

За оваа намена беа вградени околу 250 м³ тампон, со кои е санирана делница во должина од приближно 1 километар.

Проектот беше реализиран благодарение на донацијата од компанијата „Кожувчанка“. Од локалната самоуправа истакнуваат дека преку вакви партнерства со бизнис-секторот заеднички продолжуваат да создаваат подобри услови за живеење и подобрена инфраструктура за сите сограѓани.