Во Македонија следува краткотрајна промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, пред повторно стабилизирање и пораст на температурите за време на викендот.
Во четврток, 13 август, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да бидат поинтензивни и во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Температурите ќе се намалат за неколку степени и ќе се движат во интервал од 13 до 36 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој на одредени места повремено ќе засилува.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено може да засилува.
Нестабилното време ќе продолжи и во петок, кога повторно локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
За време на викендот се очекува стабилизирање на временските услови. Времето ќе биде претежно стабилно, а дневните температури повторно ќе почнат да растат.









