Во селото Страчинци, скопско, полициските служби открија вистинска „плантажа“ на канабис. На 26 септември 2025 година околу 19 часот, припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле 50-годишниот С.И. од истото село.

Првично, под стреата на неговата куќа биле забележани закачени гранки и саксии со канабис. Веднаш потоа, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија извршила претрес во домот. Таму биле пронајдени и одземени 90 гранки канабис и две ќеси со помали гранчиња од истото растение.

Приведениот е задржан во Полициската станица Гази Баба, а откако ќе се заврши целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

