ПРВ.мк
Свет

Хамас тврди: Не го добивме Трамповиот план за прекин на огнот во Газа

Хамас тврди: Не го добивме Трамповиот план за прекин на огнот во Газа

Палестинското милитантно движење Хамас денес изјави дека не било информирано за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа, откако израелските медиуми претходно објавија дека групата го прифатила планот.

„На Хамас не му е презентиран никаков план“, изјави официјален претставник на Хамас за Ројтерс, под услов да остане анонимен.

Претходно, израелскиот весник „Хаарец“ соопшти дека, според неименувани извори, Хамас во принцип се согласил да ги ослободи сите израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на израелските трупи според Трамповиот предлог.

Escape