ПРВ.мк
Македонија

Рекорден број нови вработувања во здравството – Алиу тврди дека за кратко време се решиле децениски проблеми

Рекорден број нови вработувања во здравството – Алиу тврди дека за кратко време се решиле децениски проблеми

Министерот за здравство, Азир Алиу, пред учесниците на синдикалната школа истакна дека во здравствениот систем се реализирани повеќе од 1.250 нови вработувања во рекордно краток рок.

Тој ја нагласи важноста на синдикатите како клучен партнер во градењето на подобар здравствен систем и порача дека неговиот кабинет останува отворен за идеи, предлози и критики.

Според Министерството, со процесот на вработување на приватни специјализанти конечно е решен долгогодишниот егзистенцијален проблем на оваа група здравствени работници.

Алиу подвлече дека достоинството на медицинскиот кадар мора да биде на прво место и најави дека соработката со синдикатите ќе продолжи, со цел да се одговара на предизвиците и потребите и на здравствените работници и на пациентите.

Escape