ПРВ.мк
Македонија

Почина Панчо од ДНК: Јавното обвинителство нареди обдукција

Почина Панчо од ДНК: Јавното обвинителство нареди обдукција

Јавното обвинителство соопшти дека ќе издаде наредба за обдукција на телото на пејачот Владимир Блажев – Панчо, кој почина утрово.

„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, стои во соопштението.

Панчо се лекуваше неколку месеци од тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во една од приватните болници во Скопје. Тој беше опфатен во истрагата како еден од осомничените, но поради здравствената состојба постапката за него беше времено запрена.

Пејачот почина на 46-годишна возраст како последица од повредите и компликациите од здравствената состојба, оставувајќи голема празнина во македонската музичка сцена.

Escape