Тешка сообраќајна несреќа е пријавена во Скопје, во која сериозно е повреден 56-годишен скопјанец, додека другиот возач го напуштил местото на настанот.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 22 март на улицата „Методија Андонов – Ченто“, во судир меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со кумановски таблички.
По несреќата, возачот на „БМВ“-то се оддалечил од местото, а случајот подоцна бил пријавен во СВР Скопје. Во судирот, тешки телесни повреди добил возачот на „голф“-от, З.Р. (56) од Скопје, а повредите му биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и за утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајката.
Случајот е во фаза на истрага.
🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽



















