Ако планиравте патување со авион оваа година, подобро е да ги извадите картичките веднаш! Европските авиогиганти испратија драматично предупредување до сите патници: цените на билетите наскоро „летаат во небо“. Она што досега беше достапно, за неколку недели може да стане вистински луксуз кој малкумина ќе можат да си го дозволат.
Лидерите на авиоиндустријата се децидни: „Резервирајте ја вашата карта веднаш!“ Секој ден чекање значи поскап билет. Оние кои планираат лет за претстојната сезона, а сè уште немаат купено карта, се соочуваат со ризик да платат и до 30-50% повеќе од вообичаеното.
Ова не е само обична најава, туку последен повик за заштеда. Дали ерата на евтините летови низ Европа официјално заврши? Изгледа дека небото станува ексклузивна зона само за тие со подлабок џеб. Не дозволувајте вашиот одмор да пропадне поради една одлука – проверете ги цените уште денес!

















