ПРВ.мк
Свет

БЛИСКИОТ ИСТОК ПРЕД ТОТАЛНО УНИШТУВАЊЕ: Колку е навистина моќен ИРАН и дали светот треба да трепери?!

БЛИСКИОТ ИСТОК ПРЕД ТОТАЛНО УНИШТУВАЊЕ: Колку е навистина моќен ИРАН и дали светот треба да трепери?!
Kristal

Додека пламенот на војната го голта Блискиот Исток, сите очи се вперени во Техеран. Прашањето веќе не е дали Иран е моќен, туку колку долго може да издржи против најголемите светски сили? Најновите анализи за 2026 година откриваат застрашувачка слика за државата која со децении градеше невидлива мрежа на влијание, а сега е во директен судир со САД и Израел.

Иран не се потпира на застарената авијација, туку на својот монструозен ракетен програм. Со проектилите како „Khorramshahr-4“, кои носат глави од 1.500 килограми, Техеран може да погоди цели на оддалеченост од 2.000 километри. Но, вистинскиот кошмар за Западот е нивната „асиметрична војна“ – флоти од евтини, но смртоносни дронови и првиот носач на беспилотни летала кој веќе е во функција.

Моќта на Иран не е само во војската, туку во неговите „прокси“ групи кои го држат регионот во заложништво:

  • Хезболах во Либан: Најдобро вооружената недржавна војска во светот.
  • Хутите во Јемен: Групата која го блокираше глобалниот бродски сообраќај и Црвеното Море.
  • Милициите во Ирак и Сирија: Иранската „длабока држава“ која го опкружува Израел.

Иако воено се чини непобедлив, Иран „крвари“ однатре. Економскиот крах на валутата и бруталното задушување на масовните протести во 2026 година, каде според извештаите се убиени над 30.000 граѓани, покажуваат дека режимот е на „стаклени нозе“.

Дали Иран ќе успее да го преживее овој фронтален напад или неговата децениска стратегија ќе се сруши како кула од карти? Едно е јасно – битката за Блискиот Исток е влезена во својата најкрвава фаза!

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape